А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за долговите во кои плива Водостопанство

by А1он28/06/2019 - 16:54214
Share0

Лошото организациско менаџирање поставено токму од ВМРО –ДПМНЕ е причината за состојбата во која се наоѓа денес АД Водостопанство, реагира СДСМ на денешната изјава на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„ВМРО – ДПМНЕ зборуваат за долгови на АД Водостопанство, а токму тие во 2015 година при неговото формирање, ги оставија долговите. Тогашната Влада влезе со влог од 100 илјади евра, а денес последицата е соочување со ненаплатени долгови на Водостопанство.

Наспроти незаинтересираноста од страна на ВМРО –ДПМНЕ за АД Водостопанство , Владата предводена од СДСМ заедно со надлежното министерство, го препозна наследениот проблем и работи на реорганизирање на сите можности како Водоастопанство да профункционира во права смисла и воедно да се изнајде начин како да се организира водоснабдувањето односно наводнувањето на површините на територија на цела држава.

Само за две години од доаѓањето на власт на СДСМ, односно од 2017 година до 2019 година е направено многу. Како дел од проектите преку кои се работи на подобрување на системот за наводнување и условите за работа на земјоделците се : изградба на системот за наводнување Јужно вардарска долина-втора фаза која опфаќа 1700 хектари површина, а претходно се доврши и незавршена прва фаза за што беше потребна 1 година, а преговорите за трета фаза се во тек.

Следете a1on на Youtube YouTube

За хидросистемот Злетовица кој со години постоеше само на хартија конечно се обезбедија средства, а во тек е и јавен повик финансиран од ЕК за мали еколошки системи за наводнување. Завршена е реконструкција на браната во Пробиштип, Мавровица во Св. Николе, браната Слатино во Дебарца, Дрен во Демир капија, Липа во Демир капија, а отпочната е и изградба на брана Конско која ќе овозможи наводнување на 8000 хектари.

Сите напори кои се прават од страна Министерството за земјоделство преку програмите за рурален развој во соработка со ЕК е да се овозможи поголема конкурентност на самите земјоделци и зголемен извоз.

Владата предводена од СДСМ продолжува со решавање на наследените и натрупани проблеми оставени од ВМРО –ДПМНЕ и интезивно работи на подобрување на условите и можностите за работа на земјоделците и вработените во овој сектор.“, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

Предраг Петровиќ09/05/2026 - 18:27

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Горан Наумовски08/05/2026 - 12:22

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 14:07

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

Катерина Ѓуровски06/05/2026 - 11:35

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 11:31

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 11:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто