Наум Попески е добитник на наградата за животно дело

Од:

Истакнатиот поет за деца Наум Попески, автор на околу 20 книги за најмладите читатели, како и на првиот бон-тон за деца во земјава, е добитник на наградата Гранд при, како и на наградата за животно дело за севкупното негово творештво кое трае веќе над пет децении.

Наградата му ја доделија околу петнаесетина книжевни литературни манифестации од нашава земја, меѓу кои: „Поезија за душа“, „Најубава проза“, „Интернационална поезија“, „Прозно перо“, „Поетска гала“, „Македонска лирска поезија“, „Млади творци поезија-деца“, „Млади творци проза-деца“, „Охрдиски бисер на поезијата“ итн.

Наум Попески целиот работен век го мина како новинар во весникот „Нова Македонија“, каде што работниот век го заврши како уредник на печатениот додаток за деца „Колибри“. Тој е и член на Друштвото на писатели на Македонија како и на Здружението на новинари на Македонија.

Попески е застапуван во сите читанки по македонски јазик за основно образование, преведување на повеќе балкански јазици, застапуван во повеќе антологии на поезијата за деца, како и учесник на многу меѓународни литературни манифестации за деца.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Наградата за животно дело од Општина Битола за актерот Борис Чоревски

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески