Џафери: Пратениците ги обземаат камерите и микрофоните, па се губат, не знаат што зборуваат

Од:

„Пратениците ги обземаат камерите и микрофоните, па се губат, не знаат што зборуваат“, вака Џафери го коментираше вчерашното однесување на пратениците и потребата тој да интервенира со исклучувањето на микрофонот на говорница.

Различно е однесувањето на пратениците кога не се присутни медиумите, вели Џафери.

Во врска со навредите на Груби кон Села и заканите на Села дека ќе напише „доле ДУИ“ со спреј над главата на Џафери, тој повтори дека нема да дозволи слични ситуации како на седницата кога Груевски му истури вода.

Во врска со оставката на пратеникот од НДП, Весел Мемеди, Собранието ќе ја констатира на седницата на 9 јули, дотогаш има време тој да се премисли и да ја повлече, вели Џафери. На денешната седница веќе се закажани пратенички прашања и од таа причина не може да се констатира денес, објаснува тој.

Мемеди е и еден од трите потпретседатели на Собранието, а кој ќе дојде на негово место, Џафери вели зависи каков предлог ќе биде доставен од страна до Комисијата за избори и именувања или на предлог на повеќе од 20 пратеници.

Џафери на брифингот додаде и дека остануваат уште 9 земји да го ратификуваат протоколот за членство на земјава во НАТО, и тоа Исланд, Луксембург, Шпанија, Франција, Холандија, Турција, Италија, Велика Британија и САД.

Би можело да ве интересира

Катерина Димитровска пратеничка во Собранието на местото на Марија Митева

Собранието доби „глува соба“ за доверливи документи

Катерина Ѓуровски

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки