Заев назначи нови 40 претседатели на oпштински организации на партијата

Од:

Согласно статутарните овластувања, претседателот на СДСМ Зоран Заев назначи нови 40 претседатели на општински организации на партијата, инфирмираат од СДСМ.

Новоименувани претседатели на Општински организации се: Марко Ѓоргиоски во Гази Баба, Златко Ќурчиевски за Битола, Јане Трајков за Неготино, Борче Минов за Босилово, Драгољуб Филиповски за Гостивар, Габриела Ристовска за Кичево.

Влатко Андоновски е нов претседател на општинската организација во Македонска Каменица, Синиша Радески во Македонски Брод, Симе Шурбевски во Могила, Стево Крстевски во Велес, Горан Крстев во Чешиново – Облешево, Петар Зајков во Валандово, Новица Ангелов во Дојран, Донче Бибановски во Илинден, Иван Стојоски во Новаци.

Нов претседател на општинската организација во Демир капија е Лазар Петров , Борче Стојменов во Карбинци, Драган Анастасо – Пробиштип, Сашо Јанкоски во Вевчани, Благојче Стојчески во Дебарца, Музафер Рамески во Пласница, Ќани Сеадиновски во Центар Жупа, Миле Талески во Прилеп, Васил Коцев во Василево, Марјан Даскаловски во Струмица, Никола Поповски во Демир Хисар, Антонио Симоноски во Кривогаштани, Владимир Видимче во Гевгелија, Војче Исаковски во Врапчиште, Горан Тодоров во Кавадарци.

Избрани е и Дарко Блажевски во Јегуновце, Самир Ајдини во Маврово Ростуша, Бобан Цветановски на општинката организација на СДСМ во Старо Нагоричане, Сашо Стојановски во Сопиште, Драган Ацевски во Сарај, Борче Божиновски во Чаир, Ѓоко Котевски во Бутел, Елизабета Зелениковска во Петровец, Љупчо Тошевски во Зелениково и Ванчо Митев во Зрновци.

-Новите општински раководства ќе бидат значаен дел од новиот начин на дејствување на СДСМ и ќе имаат за цел активно да работат на остварување на зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните. Во наредните неколку дена ќе бидат именувани и претседателите на уште неколку општински организации на СДСМ кои преостануваат да бидат избрани, информираат од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ