Ѓоковиќ го доби српското дерби

Од:

Новак Ѓоковиќ успеа без поголеми проблеми да го добие мечот со својот сонародник Виктор Троицки од првото коло на АТП Турнирот во Дубаи. По само 67 минути игра Новак успеа да триумфира со резултат од 2:0 (6-1 6-4).

Воведниот сет беше само најава за тоа како ќе се одвива овој меч па така Новак уште на стартот направи брејк, кој знаеше да го искористи и на крајот рутински да триумфира во првиот сет со резултат од 6-1.

Во вториот сет, Троицки успеа да го освои воведниот гем, но во продолжението Ѓоковиќ дојде до предност од 3-1. Во седмиот гем, Новак имаше можност да го зголеми водството, но Троицки успеа да остане во игра и да намали на 4-3. Сепак во десеттиот гем, Ѓоковиќ успеа да победи, и во тој решавачки период да му препушти само еден поен на својот сонародник.

Во наредното коло, српскиот тенисер ќе се сретне со Батист Ахута, кој денес исто така триумфираше со 2:0 (6-2 7-5) против Давид Гофин.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех