Пјонгјанг: САД да формулираат нова стратегија за преговори

Од:

На САД им истекува времето за да формулираат нова стратегија со која би продолжиле нуклеарните преговори, изјави денеска генералниот директор на Дирекцијата за односи со САД при севернокорејското МНР, Квон Џонг-гун.

Тој додаде дека САД продолжуваат да зборуваат за дијалог, додека истовремено „покажуваат се поголем очај преку непријателски акти“.

Квон не ги прецизира непријателските акти на САД, но најверојатно алудираше на проширувањето на санкциите против Северна Кореја.

– Дијалогот нема да почне сам, иако САД како папагал повторуваат за продолжување на разговорите, а не размислуваат за реална понуда која во целост би ги задоволила интересите на двете страни, посочи Квон.

Преговорите помеѓу Северна Кореја и САД се во застој од февруари, по неуспешниот самит во Ханој, на кој американскиот претседател Доналд Трамп бараше целосна денуклеаризација, а севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун инсистираше на редуцирање на санкциите.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот