Скопското обвинителство постапува по аудио снимката за градоначалникот Дудуш

Од:

Скопското Основно јавно обвинителство добило известување од СВР Скопје, кое се однесува на објавената аудиоснимка на еден портал и статија со наслов „Аудиоснимка: Градоначалникот на СДСМ тепа и измачува киднапиран човек“, во која се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, наводно тепа и измачува човек во неговиот кабинет.

Обвинителството веднаш издало наредба за вештачење мобилни телефони на две лица – градоначалник на скопска општина и лице споменувано во снимениот материјал.

„Телефонските апарати ќе се вештачат поради црпење податоци од меѓусебната комуникација на овие две лица и за утврдување дали на нив постојат неовластено снимани материјали“, појаснуваат од Обвинителството.

Истовремено, до мобилните оператори е издадено барање за обезбедување листинзи од телефонските броеви за да се утврди меѓусебната телефонска комуникација на двете лица.

„Надлежниот јавен обвинител до СВР Скопје издаде наредби и насоки да продолжи со истражување на целиот кривично-правен настан, односно да обезбеди податоци за неовластеното снимање на настанот, да утврди што точно се случило, дали некое лице е нападнато и од кого, дали притоа добило телесни повреди, кога настанот е пријавен и на кој начин е евидентирана пријавата, дали повреденото лице располага со релевантна медицинска документација за повредите, дали врз основа на таа документација е поднесена приватна тужба и други околности“, се наведува во соопштението.

По преземањето сите дејства, доколку бидат обезбедени релевантни докази за сторени кривични дела, СВР Скопје е задолжено да поднесе кривични пријави против сторителите.

Би можело да ве интересира

ОЈО бара мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен со кого е проширена истрагата за пожарот во Кочани

А1он

Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани

А1он

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Во влез од зграда во Скопје нападна и допираше девојка, ОЈО отвори постапка

А1он

Четворица обвинети за пукањето во близина на зградата на Општина Чаир

Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“

А1он