Заев гледа селективна правда во пресудите за Саздо и Алмир

Од:

Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница кажа дека имало селективна правда во случаите за убиството на Никола Саздовски и малиот Алмир.

Ова Заев го кажа по прозивките на пратеникот Зијадин Села, дека има селективна правда, во случајот со братот на Ел чека, за кој беше кажано дека е уапсен, но подоцна и самиот појасни дека не е уапсен и бил во полиција да пријави протест.

– Имам чувство на горчина, затоа што нема воедначена правда. Не беше иста правдата за Алмир и Саздо. Знам и чувствувам горчина затоа што немаше ист третман. Затоа од овде упатувам јавна порака до суд, судија, да се исправи пред правдата и да работи по словото на законот. Немам намера да интервенирам, но лично ќе се заинтересирам за Блерим Амеди. Секој има право на слободно изразување и протест, фрлав боја и платив казна 450 евра, рече Заев.

Убијците на Никола Саздовски добија по 19 години казна затвор за делото убиство, а за малиот Алмир, Бобан Илиќ доби 6 години затвор за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот“.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината