Швајцарската агенција Кејстон-СДА добитник на наградата на ЕАНА

Од:

Стефан Траксел, раководител на проектот на швајцарската новинска агенција Кејстон – СДА, е добитник на Наградата за посебни достигнувања на Европската алијанса на новински агенции (ЕАНА) за 2019 година.

Траксел и неговата екипа развија робот за генерирање текст наречен „Лена“ за известување за гласање. „Лена“ создаде и објави речиси 9.000 кратки текстови на германски и француски јазик.

За наградата на ЕАНА се пријавија новинските агенции на Грција (АНА-МПА), Австрија (АПА), Албанија (АТА), Швајцарија (Кејстон-СДА) и Русија (ТАСС).

Петер Кропш, претседател на ЕАНА и директор на германската новинска агенција ДПА, рече дека „наградениот проект треба да го реши релевантниот проблем на иновативен начин, треба да се примени и за другите членови, да ја земе предвид анализата на трошоците и придобивките и да го прошири известувањето“.

Победникот Траксел е поканет да учествува на Генералното собрание на ЕАНА, што ќе се одржи во Прага оваа година, каде што ќе ја прими Наградата за посебни достигнувања на ЕАНА за 2019 година и симболична награда од илјада евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени

(ВИДЕО) Обилните дождови во Швајцарија доведоа до лизгање на земјиштето, осум лица се водат за исчезнати

ВИДЕО: Страшно невреме ја опустоши Швајцарија, тројца исчезнати, села отсечени, автопат затворен

Предраг Петровиќ