Трамп и Ким за година и пол размениле 12 писма

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун од почетокот на минатата година разменија вкупно 12 писма, од кои осум се од Ким, соопшти јужнокорејското Министерство за национално обединување.

– Од 2018 година досега, лидерот Ким напишал осум писма до претседателот Трамп, кој, пак, му испратил на Ким четири, изјави министерот за национално обединување Ким Џонг Чул.

Тој рече дека на двајцата лидери им е важно воспоставувањето дијалог, поради што постојано разменуваат писма.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин претходно изјави дека Вашингтон и Пјонгјанг се подготвуваат за трета средба меѓу Трамп и Ким.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот