ВИДЕО: Никола Мицевски му подари шарени пенкала на Заев

Од:

Никола Мицевски му подари шарени пенкала на премиерот Зоран Заев.

Симболиката, како што кажа координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, е да знае премиерот со кое министерство раководи.

Мицевски ги искритикува сите предлози за нови министри од тоа дека Трајан Димковски, е продолжена рака на разрешениот Николовски, а дека Хусни Исмаили треба да раководи со Здравство наместо со Култура бидејќи е доктор.

„Предложените кандидати се крпени решенија помеѓу коалициските партнери“, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој додаде и дека требало да бидат разрешени и други министри за кои имало низа скандали, како Венко Филипче, Оливер Спасовски и Кочо Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он