Тевдовски не сака да биде советник на Заев, заминува од Финансии

Од:

Драган Тевдовски по разрешувањето од министерската функција се враќа на Економскиот факултет.

Извори за А1он брифираат дека Тевдовски не ја прифатил понудата на премиерот Зоран Заев да биде негов советник од областа на финансиите. Тој на својот фејсбук профил, се заблагодари на довербата, се поздрави со колегите од министерството и најави дека се враќа меѓу своите студенти во професорските клупи, од каде што и дојде пред да стане министер.

„Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите. Најголемата награда за мене за овие две години, доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: „браво и главата горе”. Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство. И затоа со главата горе и целосно посветен се враќам на Економскиот факултет“, напиша Тевдовски.

Инаку, Тевдовски беше единствениот министер од СДСМ кој го зафати најавуваната метла на премиерот Заев, иако не беше поврзан со ниту еден скандал за разлика од некои негови колеги.

Инаку Тевдовски на местото министер за финансии доjде од позицијата вонреден професор на Економскиот факултет во Скопје. На Економскиот факултет работи од декември 2002 година, најпрво како помлад асистент , потоа како асистент и доцент од 2010 година – септември 2015. Во 2016 година ја добива наградата Најдобар научник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во областа на општествените науки за 2015 година.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада