Ѓоковиќ: Федерер е најголемиот играч на сите времиња

Од:

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ прокоментира една од најжешките теми од последните денови – системот, кој организаторите на „Вимблдон“ го користат при поставувањето на играчите во шемата.

Денес официјално беше објавено дека Роџер Федерер е ставен на второто место (што значи дека може да се сретне Ѓоковиќ само во финалето), а Надал е на трето место, иако во светската АТП листа, Шпанецот е втор, а Швајцарецот – трет.

Надал веќе изрази незадоволство од одлуката на организаторите на Гренд-слем турнирот, а Ѓоковиќ призна дека е малку изненаден.

Во исто време Србинот го утврди Роџер Федерер како „најголемиот играч на сите времиња“.

– Ова се нивните правила и мора да ги почитуваме, иако е малку изненадувачки, искрено, рече Ѓоковиќ.

Србинот вчера го одигра својот прв меч на трева сеознава и го порази чилеанскиот тенисер Кристијан Гарин со 6: 2, 6:4 на егзибициски турнир. Денес, 15-кратниот Гренд-слем шампион го игра вториот натпревар, а неговиот ривал е Денис Шаповалов.

– Роџер е најголемиот играч на сите времиња и освои повеќе титули на „Вимблдон“ од било кој во историјата, па ако некој го заслужи тоа, тоа е тој. Но, во исто време тој се префрла од трето на второ место, па тоа е малку изненадувачки, искрено, смета Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех