СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се тие кои бранат криминал, кои шират лажни вести и штитат криминалци

Од:

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за правда, затоа што за нив одговорноста е апстрактен, непознат поим. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат еден единствен приоритет, да го бранат криминалот на Никола Груевски и тоа го докажува секојдневно, реагира СДСМ на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Претседателот Зоран Заев и СДСМ осудуваат секаков вид на насилство. Упатен е и повик, истражните органи да утврдат дали и каква одоворност постои.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се тие кои бранат криминал, кои шират лажни вести и штитат криминалци.

Министерство за внатрешни работи ги демантира лагите за наводното фалсикување на записник, но тоа не ги спречува ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски денеска повторно да лажат.

Како што јавно соопшти МВР, преземени се сите мерки и активности за расчистување на случајот со објавената аудио снимка и по комплетирањето на сите потребни докази ќе се поднесе соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Времето кога ВМРО-МВРО ги извршуваше наредбите на Груевски за заташкување на кривични дела, режирани апсења, закани и уцени заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес, надлежните органи работат професионално, транспарентно согласно законите, граѓаните се еднакви пред законите и Уставот и за секое незаконско постапување следува одговорност.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он