Интензивните врнежи од дожд што го зафатија кочанскиот регион особено во синоќешните часови беа причина по неколку години Кочанска Река да биде преполна со вода, јави „Комарец“.
Водата во централниот дел не предизвика никакви штети благодарение на речното корито, но во ниските делови таа се излеа и поплави поголем број од обработливите земјоделски површини.
Мал проблем во градот направи и вештачки подигнатиот бетонски ѕид кај „Крушарскиот мост“. Овде нивото на водата е подигнато доста повисоко од вообичаеното и доколку продолжат врнежите може да се направи голема штета на подрумските простории на објектите во непосредна близина на мостот, јавува „Комарец“.