Финансиската полиција заплени тутун во Љуботен, градоначалникот ги брани жителите

Од:

Финансиската полиција со асистенција на МВР го заплени тутун пронајден во осум објекти во Љуботен. Во селото има полициски хермелини и камиони за пренос на запленетата роба. Неофицијално, запленети се и машини кои се пронајдени во претресените објекти. Од Финансиската полиција велат дека постојат сомненија дека жителите во чии куќи се прави заплената, криумчареле акцизна стока и правеле царински измами.

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски беше во селото, за време на заплената. Тој изјави дека тутунот не е илегален, туку е стекнат со работа на фамилиите.

„Се надевам дека брзо ќе заврши оваа голгота на народот и се ќе се реши низ институциите на системот. Со сигирност тврдам дека тутунот не е нелегален“, рече градоначалникот Смилевски.

Жителите на селото и натаму се гневни. Тие велат дека ако имале друг начин за заработка, немало да работат со тутун, а акцијата ја оценуваат како срам за државата.

Од Финансиската полиција побараа разбирање и соработка од жителите. Од институцијата не споделија повеќе информации, велејќи дека тоа е во интерес на истрагата.

 

Би можело да ве интересира

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат забрана за увоз на тутун додека не се потроши домашниот

Ландов

Владата дозволи користење на електронските цигари во затворени простории

А1он

Голема акција за заплена на режан тутун по пазарите и складиштата

Во фирма во Струмица пронајдени 330 килограми режан тутун без бандерола

А1он