СДСМ: Расипничкото ВМРО-ДПМНЕ не го разбира концептот за враќање пари кон граѓаните

Од:

Успесите на СДСМ и Зоран Заев на меѓународен и економски план се за подобар живот на граѓаните, тоа се лекции за ВМРО-ДПМНЕ и нивните криминални политики. ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за економијата, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Расипничкото ВМРО-ДПМНЕ е навикнато парите да завршуваат во нивниот луксузен дворец и на оф шор фирмите во Белизе затоа не го разбираат концептот за враќање пари кон граѓаните.

По 11 години економска стагнација, осиромашување на граѓаните, меѓународна изолација, оддалечување од ЕУ и НАТО државата е крената на нозе и чекори напред.

За само 2 години од заробена држава станавме светол пример во регионот.

Парламентите на 19 членки на НАТО го ратификуваа протоколот за пристапување во Алијансата, а по најпозитивниот извештај на Европската комисија и заклучоците на Советот на министри, нашата државата годинава ќе започне преговори со ЕУ.

Економијата од негативни -1,8 проценти во времето на ВМРО-ДПМНЕ и стагнација, сега расте и се развива со добро темпо, затоа имаме раст од 4,1% на БДП.

Просечната плата се зголеми за околу 2.000 денари а пензиите за над 800 денари. Минималната плата е зголемена од 9.000 на 12.500 денари. Невработеноста е намалена на историски најниски 17,4 проценти, отворени се околу 50 илјади нови работни места.

Успесите на Зоран Заев на меѓународен и економски план математички прецизно се за подобар живот на сите граѓани, а овие лекции ВМРО-ДПМНЕ уште многу време ќе треба да ги учи. По постигнатиот успех на меѓународен план во последните две години, следуваат храбри чекори во економијата и социјалната политика и финансиите, а на чело на оваа економска иницијатива ќе биде премиерот Зоран Заев.

Премиерот Заев е фокусиран на економски резултат, уште позасилено, за подобар животен стандард на сите наши граѓани.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода