Денешниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ, соопштен преку Гордана Јанкуловска, преставува уште еден од низата лицемерни и неконструктивни предлози за надминување на политичката криза предизвикана од ВМРО-ДПМНЕ, реагира НСДП на Тито Петковски.
„Пред се, Гордана Јанкуловска нема морален кредибилитет да дава било какви предлози за надминување на кризата, бидејќи лично командуваше со специјалните полициски сили кои на 24.12.2012 година насилно ги исфрлија пратениците и новинарите од Собраниската сала.
– Овој предлог ниту е принципиелен, ниту се води од интересите на граѓаните, ниту пак е во интерес на државата, туку преставува само обезбедување на дополнително време на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во обидот за создавање на опозиција по мерка на власта.
– Бидејќи денешната седница на Собранието на Република Македонија е само во функција на остварувањето на овие цели, пратениците од НСДП нема да учествуваат на истата“, се вели во реакцијата на НСДП.