Најмалку 13 луѓе загинаа откако вчера се урна зграда во изградба во градот Сихануквил, во јужниот дел на Камбоџа.
Најмалку 23 лица се повредени, додека 36 работници се извлечени од под урнатините.
Се уште се истражува причината за уривање на зградата, која е во сопственост на кинески инвеститор.
Според локалните власти четворица кинески работници се приведени. Објектот што се урна бил изграден од 70 до 80 отсто.