Катругалос: Очекував подоследен став од Европа за Северна Македонија

Од:

Очекував еден подоследен и повеликодушен став на Европа кон Северна Македонија, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“, коментирајќи ги одлуките на Советот на министри на ЕУ за нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

-Постои општа опасност за кредибилитетот на ЕУ ако остави впечаток дека не ги исполнува нејзините обврски кон земји како што е Северна Македонија кои целосно ги исполнија нивните. Од овие причини, очекував еден подоследен и повеликодушен став на Европа кон оваа земја. Но, и вака, отворен е патот за отпочнување преговори од октомври, вели Катругалос.

Во однос на ставовите на опозициите во двете земји, шефот на грчката дипломатија вели дека е позитивно тоа што Нова демократија го прифаќа Договорот од Преспа и додава дека е важно тоа што во заклучоците на Совет за општи работи вклучено е и спроведувањето на Договорот.

-Официјалното прифаќање на Договорот од раководството на Нова демократија и покрај тоа што постојат несогласувања од крајно десничарското крило, јасно е дека е позитивна разврска. Но, постои уште една поважна разврска: неодамнешната одлука на Совет за општи работи, надлежното тело на ЕУ за проширувањето, јасно и по прв пат го поврзува лојалното спроведување на Договорот од Преспа со интегративната перспектива на соседната земја. Ова е основна гаранција, Северна Македонија никогаш повеќе да не се врати на националистичките политики од минатото, па дури, иако мислам дека не е можно, да има каква било промена на власта, вели шефот на грчката дипломатија во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он