Претседателот на грузискиот Парламент поднесе оставка

Од:

Претседателот на Парламентот на Грузија Иракил Кобакиѕе денеска поднесе оставка, еден ден по насилните протести околу зградата на Собранието, соопшти генералниот секретар на владејачката партија Грузиски сон Каха Калаѕе.

Во синоќешните протести во Тбилиси беа повредени повеќе од 200 луѓе, откако полицијата употреби солзавец и гумени куршуми, соопшти грузискиот министер за здравство Заза Бокуа и додаде дека половина од повредените се уште се во болница.

Демонстрантите, испровоцирани од посетата на руски пратеник, синоќа се обидоа да упаднат во Парламентот, пробивајќи го полицискиот кордон и фрлајќи шишиња, на што полицијата одговори со солзавец и гумени куршуми. Немирите избија по говорот на пратеникот на Долниот дом на рускиот Парламент.

Руското влијание во Грузија останува политички чувствително прашање во оваа земја, која е сојузник на САД. Тбилиси водеше и ја изгуби кусата војна со Москва во 2008 година. Русија и Грузија од тогаш немаат дипломатски односи, а Москва ја признава независноста на два отсечени региона, Јужна Осетија и Абхазија, каде што сега се стационирани руски војници.

Би можело да ве интересира

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Демонстрантите во Грузија упаднаа во парламентот, не сакаат да го напуштат

ВИДЕО: Демонстрантите го презедоа Собранието во Абхазија, претседателот избега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Граѓаните на Грузија повторно на улица, бараат нови избори

А1он

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“

А1он