Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ побара моментално да престане ширењето паника поради присуството на штетниот афлатоксин во млекото.
Тој оцени дека создавањето паника и загрозувањето на домашните произведувачи не е мотивирано поради грижа за здравјето на луѓето.
Дачиќ изјави дека владата на Србија имала седница по тоа прашање и најважано е што системот функционира, а сеењето страв не допринесува за решавање на проблемот.
-Доколку надлежните органи кажат дека во некои производи постои штетната материја и дека истите се повлечени од продажба, а останатите се здрави, јас тогаш стојам зад зборовите на министерот – изјави тој.
Според него министерот Горан Кнежевиќ не можел за шест месеци да создаде проблем со афлатоксинот и потсети дека министри за земјоделство неколку години наназад беа од една друга партија.
-Никој во оваа влада не е луд, за да ги труе своите граѓани – изјави Дачиќ.
Елена Георгиевска