Започна велешкото културно лето „Велес фест“

Од:

Со камерен концерт на млади врвни руски солисти насловен „Амбасадата на мајсторството“ кој синоќа се одржа во големата сала на Општина Велес во организација на Руската државна агенција „Россотрудничеств“, Амбасадата на Русија во нашата земја, во соработка со Општина Велес, започна велешкото културно лето „Велес фест“.

На концертот со дела од Бах, Чајковски, Скрјабин, Пуленк, Лист и Боца, настапија 20-годишната Ана Грот, 23-годишниот Камил Мухаметдинов и 20-годишниот Алексеј Савинков. Тие се врвни млади солисти, лауреати на интернационални натпревари и добитници на највисоки музички признанија во своите области во Русија и светот, членови на престижната Музичка куќа на Санкт Петербург.

Тие неделава имаа концерт и во Битола, а по Велес ќе настапат и во Скопје.

Како што информираат од Општина Велес, на велешкото културно лето „Велес фест“ се предвидени повеќе културни настани од повеќе области на културата.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска