„Либертанго“ во Националната опера и балет

Од:

Националната опера и балет вечер од 20 часот повторно ќе ја изведе балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола, која раскажува за создавањето и патот на тангото.

– Уличен танц што го достигнува врвот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена, соопшти НОБ.

Режисер и либретист е Наташа Поплавска, кореограф Сабрина Боско од Италија, а сценограф и костимограф Александар Ношпал.

Настапуваат Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Марија Кичевска-Шокаровска, Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Марија Јосифовска-Ристовска, Мирослав Митрашиновиќ, Јан Кисилев, Ендру Кук, Марко Здравковски, Драган Кочоски, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска