Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи „Статуафест и баскеркараван“ ќе се одржува од денеска до 22 јуни од 18.30 до 23 часот на градскиот плоштад и ул. „Македонија“.
Ќе учествуваат баскери и живи статуи од Шпанија, Германија, Украина, Венецуела, Хрватска, Србија и професионални артисти од Северна Македонија. Во музичката програма ќе настапат Тони Зен, диџеј Бугимен и Онија Блузерите.
Организатор на фестивалот е Здружението на граѓани „Тим театрос К“ од Скопје, а покровител Град Скопје.