Ракета утрово падна врз станбен дел и седиштата на неколку светски нафтени компании, меѓу кои и американската „ЕксонМобајл“ во близина на ирачкиот град Басра, при што се повредени двајца ирачки работници.
Ракетата падна во местото Бурјеси, западно од Басра, каде седишта имаат и други нафтени компании, меѓу кои „Ројал Дач Шел ПЛЦ“ и италијанската фирма „Ени СпА“.
Се уште никој не презел одговорност за нападот.
Според ирачката полиција била истрелана ракета „Качуша“ со краток дострел.
САД минатиот месец го евакуираше дипломатскиот персонал од Амбасадата во Багдад поради наводните закани од Иран врз американските интереси во Иран.