Јапонија со закон забранува физичко казнување на деца

Од:

Јапонскиот Парламент денеска усвои закон, со кој им се забранува на родителите и другите старатели да применуваат физичко казнување врз децата.

Според усвоените амандмани, кои стапуваат во сила на 1 април следната година, се воведува целосна забрана за физичко казнување на малолетници, но во документот не се предвидени парични казни за прекршителите.

Локалните власти ќе бидат задолжени да ги едуцираат родителите за негативностите од употреба на насилни методи при воспитувањето. Социјалните работници, согласно новиот закон, ќе имаат пошироки права да „интервенираат“ во случаи на семејно насилство врз децата.

Минатата година, јапонската полиција им пријавила на социјалните служби повеќе од 80.000 случаи на физичко или психичко насилство врз малолетни лица. Ова е рекорден број за целиот период откако се водат такви статистички податоци

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови