Нов скандал со храна во Германија

Од:

По скандалот со коњското месо во Европа, во Германија на видик е нов скандал со лажни органски јајца.

На состанокот во Брисел, министрите за земјоделство препорачаа дека здравјето на луѓето не е загрозено, но бараат подобри контроли и обележување на храната на пазарот.

Враќањето на довербата кај потрошувачите ќе биде се потешка задача за европските министри.

Додека скандалот со коњското месо не стивнува, во повеќе од 16 европски држави, министрите за земјоделство на ЕУ препорачуваа дека здравјето на луѓето не е загрозено од конзумирањето на коњското и говедското месо.

Министрите се согласуваат дека проблемот е во погрешна класификација на месото, истакнувајќи дека ЕУ мора да воведе построги контроли, за да ја врати довербата кај потрошувачите во европските прехрамбени производи.

Министерката за земјоделство на Германија, Илзе Ајгнер вели дека на прв поглед во прашање е само измама и непочитување на законот.

-На секоја етикета мора да се види што содржи производот. Затоа бараме поголема контрола – изјави таа.

Дека патот по кој прехрамбените производи одат од произведувачот до потрошувачот е „извлакан“, потврдува и новиот скандал со јајца во Германија.

Властите во Германија покренаа истрага против земјоделците кои што се осомничени дека продавале јајца под ознака „органски производ“, иако не ги исполнувале критериумите.

Министерот за земјоделство од Доња Саксонија, Кристијан Мејер смета дека треба да се воведат строги казни за фармерите, за да потрошувачите бидат сигурни во производите кои што ги купуваат.

Пред две години во Германија е откриен отровен диоксин во јајца и месо, поради што властите затворија повеќе од 700 земјоделски фарми, кои за исхрана на животните употребувале затруена храна.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“