Германската канцеларка, Ангела Меркел изјави дека Европската унија треба да продолжи со преговорите со Турција, за евентуално вклучување во Унијата, но остана скептична во поглед на остварување на таа можност.
Меркел се залага за „привилегирано партнерство“ на Турција со ЕУ, а не за нејзното полно членство во заедницата.
-Германија сака напредок во процесот на преговори, иако јас сум воздржана во поглед на полноправното членство на Турција во Европската унија – изјави Меркел во Анкара.
Во Турција расте незадоволството, поради бавното одвивање на преговорите со ЕУ.
Елена Георгиевска