Се одржа меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Гевгелија

Од:

Повеќе од сто млади пијанисти од Северна Македонија, Србија, Бугарија и Косово учествуваа на деветтиот традиционален меѓународен натпревар „Гевгелија 2019“ што го организираше професорот Глигор Гелебешев под покровителство на Општина Гевгелија.

– Гевгелија и годинава беше центар на голем број млади музички надежи кои покажаа колку навлегле во тајните на интерпретирање на дела од големите музички имиња. Натпреварот веќе стана дел од многубројните културни обележја на градот, а преку музиката во Гевгелија се остваруваат и трајни пријателства со вистински вредности, нагласи Глигор Гелебешев, претседател на организацискиот одбор.

Тој истакна дека Гевгелија повторно се покажа како добар домаќин и дека подготвено ги дочека големите професионалци и идните големи имиња од областа на пијано уметноста со што уште еднаш се докажа дека музиката претставува мост со кој се надминуваат сите човечки бариери.

Учесниците кои се натпреваруваа во пет категории и една подкатегорија за презентирање на своите мајстории на пијано, беа оценувани од жири комисија составена од професори пијанисти од Хрватска и Србија.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска