Британскиот тенисер Енди Мареј најави дека ќе влезе во хотелскиот бизнис, бидејќи купи имот во близина на својот роден град, во Шкотска.
Треторангираниот тенисер на АТП листата планира да го реновира „Кромликс Наус Хотел“, во близина на Данблејн, во имот со пет ѕвездички, кој ќе има 15 простории.
-Задоволен сум што на овој начин можам да му се одолжам на градот во кој пораснав – изјави тенискиот олимписки победник и освојувач на УС Опен.
Се планира хотелот да биде отворен до пролетта 2014 година.
Елена Георгиевска