Лондонски колеџ бара волонтери за „шмркање“ кокаин

Од:

Престижен лондонски колеџ бара волонтери меѓу своите студенти кои ќе „шмркаат“ кокаин, како дел од клиничко тестирање на дрогата, пренесува Дејли Меил.

Професорите бараат здрави мажи на возраст од 25 до 49 години и лица кои не користат дрога. Откако ќе започне истражувањето волонтерите не смеат да ја крата косата 120 дена. Учеството ќе биде платено.

„По земањето на кокаинот ќе бидат направени најразлични тестови. За да одредиме како коакинто и неговите метаболити се движат во телот, ќе земаме примероци од крв, урина, коса, пот и плунка“ стои во понудата.

„Ова е важно научно истражување чија цел е одредување на кокаинот по човечкото тело. Добивме дозвола од сите релевантни институции за започнување на истражувањето. Истражувањето ќе биде извршено со најстроги медицински стандарди и внимание“, изјави портпаролот на Универзитетот.

Колеџот има повеќе од 18 илјади студенти, а минатата година беше на 12-то место на листата на најдобри универзитети во Европа.

Меилот со понудата бил испратен неделава на стотици студенти на универзитетот. Пораката е поделена на седум делови, а секој од нив почнува со прашање.

Вака изгледа меилот:

СЕ БАРААТ ЗДРАВИ ВОЛОНТЕРИ

Што бараме?

Здрави машки волонтери, на возраст од 25 до 40 години, да учествуваат во клиничко истражување кое вклучува носно конзумирање на кокаин. Медицинските и стоматолошките студенти немаат дозвола за учество во истражувањето.

Што ќе се случува?

По конзумирањето на кокаинот, ќе се земат повеќе примероци (крв, урина, коса, пот, плунка) за да се спореди и истражи начинот на кој кокаинот се шири низ човечкото тело.

Што е потребно за учество?

Потенцијалните учесници мора да бидат во добра физичка форма, да немаат медицинска историја и да не се корисници на дроги. Тие треба да бидат подготвени да не ја сечат или бојадисуваат косата во периодот од 120 дена за време на истражувањето.

Колку ќе трае?

За време на првата посета ќе провериме дали одговарате за истражувањето. Втората посета (главниот експеримент) ќе биде по триесет дена и ќе одземе речиси цел ден. Потоа ќе треба да ве видиме уше пет пати за време на следните 90 дена за да се земат нови примероци.

Дали вие ќе добиете нешто од ова истражување?

Директна добивка од истражувањето нема. Ќе биде обезбедена соодветна финансиска компензација за вашето време, труд и трошоци.

Кој ќе го надгледува истражувањето?

Истражувањето ќе биде надгледувано од одделот за клиничка токсикологија од болницата Свети Томас во Лондон. Истражувачкиот тим вклучува и доктор кој ќе биде присутен цело време.

Што сега?

Сите лични информации ќе бидат анонимно прикажани и ќе се чуваат на сигурно. Доколку сте заинтересирани за земете учество и сакате да се информирате повеќе, ве молиме обратете се на следната адреса (…) каде ќе ви биде испратен информационен лист за учесниците.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски