Концерт на Мартина Аврамоска и Влатко Груевски во Кичево

Од:

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево синоќа концерт одржаа Мартина Аврамоска и Влатко Груевски.

Концертот со наслов „Оперски доживувања“ траеше шесетина минути, а беа изведени познати соло песни и оперски арии.

– Претставувањето на една ваква програма пред кичевската публика претставува повеќекратен успех бидејќи се помага на популаризацијата и афирмацијата на класичната, т.е. сериозната музика во нашиот град, изјави Маја Николоска Силјаноска од Центарот за култура во Кичево.

Таа додаде дека овој концерт беше дел од Националната програма за култура за оваа година и е поддржан од Министерството за култура и од Центарит за култура „Кочо Рацин“ во Кичево.

Концертот се одржа во големата сала, а влезот беше слободен со цел афирмација на класичната музика во Кичево.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска