Израел сака „немири“ на палестинските територии

Од:

Израел намерно се обидува да предизвика немири на окупираниот Западен брег, но Палестинците нема да дозволат да бидат провоцирани, изјави денеска палестинскиот претседател Махмуд Абас.

– Израел сака хаос и ние тоа го знаеме, но нема да им дозволиме, изјави Абас во штабот на Западниот брег, што претставува одговор на израелското барање за смирување на бранот протести на територијата.

– Сакаме мир и слобода за нашите затвореници и без разлика колку се трудат да не вовлечат во нивните планови, нема да дозволиме да бидеме вклучени, изјави Абас.

Протестите во знак на поддршка за палестинските затвореници кои штрајкуваат со глад во израелските затвори, дополнителни ги поттикна смртта на 30-годишниот Арафат Џарадат, кој е поранешен член на „Фатах“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан