Стечајци: „Сиромашни сме, ама не во умот“

Од:

За денот на социјална правда, стечајците повторно излегоа на протести и со блокади во неколку градови го изразија нивниот револт, бидејќи со години власта не го решава нивниот проблем.

kumanovo-stecajciСпоред нив, политичарите користат само пропагандна реторика за социјална правда за да ја зачуваат власта, а сега почнаа да манипулираат и со тоа.

„Се оди по куќи, се дели пропаганден материјал од страна на ВМРО каде што стои дека стечајните работници се обештетени со 100 евра.

– Ние сме сиромашни во џебот, но не и во умот.

– Добро знаат за кого се однесува тоа, таа е стара програма и се однесува на Стојан Стојанов.

– Владата на Македонија нека не манипулриа со овој народ, бидејќи народот му е попаметен отколку што тој мисли“, вели Лилјана Георгиевска, лидер на УНИТ-Здружение на стечајни работници.

Таа додаде дека се ќе се врати како бумеранг.

kumanovo-stecajci1„Направија караница и омраза меѓу народот. Нема ни социјална права, нема ни зрелост, ни човечност, ниту пак хуманост да размислат и да бидеме обештетени“, вели Драган Тасевски, стеачец од Куманово.

Штипските стечајци велат дека со години бараат работа, но работа нема ни за младите.

„Барам работа во Заводот веќе 15 години. Ниедно картонче немам, ниту еден повик. Ги креваат рамениците и толку“, вели Ратко Величков, стечаец од Штип.

Стечајците порачаа државата да си го реши проблемот ако не сака да се соочи со социјални немири бидејќи велат дека расте револтот и кај оние граѓани кои заради невработеност и економска криза тонат се повеќе во економска и социјална бездна. Тие остануваат на своите барања.

Јасна Атанасова

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шахпаска: Законот за стечајците е усвоен, обезбеден е надомест од 9.242 денари, стечајците кои ги исполнуваат условите да се пријават во АВРСМ

Ана Ололовска

МТСП: Стечајните работници кои ги исполнуваат условите за надомест со новиот Закон да се пријават во АВРСМ

Ана Ололовска

Шахпаска: Ги намалуваме критериумите за поголем број стечајци да добиваат месечен надомест од 9.242 денари

Ана Ололовска

Законските измени за материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници на собраниска комисија

Ана Ололовска

Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање

А1он

Собраниска расправа за нов закон за стечајци, надомест за уште 1.000 лица

Ана Ололовска