Израел стравува од нова палестинска интифада

Од:

Бранот палестински протести проследени со насилства на Западниот Брег може да прерасне во нова интифада, ако дојде до жртви при судирите, изјави израелскиот министер за внатрешна безбедност и одбрана Ави Дихтер.

Смртта на Палестинецот Арафат Џарадат во израелски затвор во саботата и штрајкот со глад на четворица други затвореници ја засилија напнатоста на Западниот Брег, каде во последните неколку дена демонстрантите влегоа во судири со израелските војници.

– Претходните две интифади започнаа како последица од голем број смртни случаи за време на протестите, рече Дихтер. – Смртните случаи се речиси докажана рецепта за остра ескалација.

Веста за смртта на Џарадат ги натераа Палестинците да излезат по улиците на Западниот Брег, каде што тие палеа гуми и фрлаа камења врз израелските војници, кои од своја страна им одговорија со солзавец и гумени куршуми.

– Немаме друг избор освен да го продолжиме народниот отпор и да ја зајакнеме окупацијата, било тоа да е на армијата или на доселениците, рече Махмуд Алул, висок член на движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Би можело да ве интересира

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски