(ВИДЕО) Костадинов: Вистинските економски политики и напредокот кон ЕУ и НАТО позитивно влијаат врз развојот на економијата

Од:

Вистинските економски политики и напредокот кон ЕУ и НАТО позитивно влијаат врз развојот на економијата. Тоа го потврдуваат и меѓународни организации со нивните економски извештаи и анализи, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Извештајот за инвестициите во светот 2019“ на  Конференцијата на Обединетените нации за трговија и развој, покажува дека нашата држава, Северна Македонија минатата година имала убедливо највисок раст на странски инвестиции во Западен Балкан.

За само една година, во Република Северна Македонија странските директни инвестиции пораснале за 260 отсто, односно од 205 милиони во 2017 на 737 милиони долари во 2018 година, како што стои во извештајот.

Со ваквиот процент на раст, нашата држава е убедливо прва по раст на странски директни инвестиции и во регионот но и помеѓу сите пост-транзициски држави опфатени со извештајот.

Покрај растот на економијата, на БДП од 4.1 процент, намалувањето на невработеноста на историски најниски 17.8% извештајот на Конференцијата на ОН е уште еден показател дека економијата е конкурентна и се движи во добар правец.

Со извесното членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, очекувано е ваквиот позитивен тренд на раст да продолжи, но и дополнително да се интензивира.

Инвестициите значат повеќе пари, нови работни места, повисоки плати, сигурна и стабилна економија. Овој успех е дополнителен мотив за реализација на мерките што обезбедуваат засилен економски раст и повисок животен стандард за сите. За нас зборот важи.“, заклучи Костадинов.

Би можело да ве интересира

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, објави СДСМ

Горан Наумовски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

СДСМ: Гордана Јанкуловска, која денес се претставува како жртва, беше дел од системот што години наназад ги кршеше човековите права

(ВИДЕО) Димитриевски: На владина седница е донесена одлука за финансиска поддршка не за лозарите, туку за винариите

Филипче: СДСМ ја постави борбата против родово-базираното насилство како државен приоритет

Горан Наумовски