Двајца албански државјани осомничени за трговија со марихуана во Гостивар

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, државјани на Република Албанија за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

-Осомничените на 11 јуни се движеле со патничко моторно возило Фолксваген голф со регистарски ознаки од Република Албанија. При рутинска контрола од страна на полициски службеници возилото било сопрено, при што во багажниот дел бил пронајден ранец во кој имало најлонско пакување со опојна дрога марихуана во вкупна нето маса од 1,7 килограми. Осомничените ја внеле дрогата во Република Северна Македонија преку граничниот премин Блато – Дебар со намера да ја продадат на купувачи од Гостивар, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител до Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор против осомничените. Судот го прифатил предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во времетраење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје