Денеска со почеток во 19 часот и 30 минути, со претставата „На отворено“, НУ Театар Комедија ќе гостува во Прилеп, во рамките на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.
Претставата ќе биде изведена на сцената на Народниот театар.
Режијата е на Андреј Цветановски, а во претставата играат Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Тони Денковски и Сергеј Димовски.