САД и уште 25 земји ја обвинија Северна Кореја дека ги крши санкциите на Обединетите Нации и увезува многу повеќе од пропишаните 500.000 барели рафинирани нафтени производи.
Во жалбата што ја поднеле САД и други држави се бара од комитетот во Советот за безбедност на ОН кој ги следи санкциите да се прогласи дека официјален Пјонгјанг ги пробил пропишаните граници за увоз.
Се тврди дека Северна Кореја вишокот нафтени деривати ги презела преку нелегални трансфери со бродови.