(ВИДЕО) Трипуновски: Нема земјоделски регион во државата каде што нема проблеми

Од:

Нема земјоделски регион во државата каде што нема проблеми. Градинарските култури во струмичко, како што се краставицата, доматот и пиперката се соочуваат со катастрофално ниски цени, кои се надвор од секаква рентабилност, а власта не презема ништо во насока на решавање на проблемите, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на. денешната прес-конференција.

„Откупот е многу слаб, а кога го има цените се многу ниски. На самиот почеток на откупната сезона цената е под секаква рентабилност. Краставиците се откупуваат за 5 денари, доматите за 15 денари, а пиперката за 20 денари по килограм. Самиот факт што на  почеток на откуп цените се ниски, кажува дека до крајот на сезоната откупната цена ќе биде под секакво ниво и крајно недостоинствена. Доколку во најкраток можен рок власта не преземе нешто во насока на решавање на проблемите на земјоделците повторно ќе бидеме сведоци на зеленчук кој наместо на зелените пазари ќе заврши на локалните депонии.

Земјоделците се соочуваат со големи проблеми да обезбедат средства за своите семејства. Инвестирале и работеле, а сега нема да можат ниту да си ја повратат и инвестицијата, а не пак да заработат нешто плус.

Заев и Николовски за време на парламентарните избори 2016 година ветуваа загарантиран откуп високи и стабилни откупни цени, но очигледно не мислеле на земјоделските производи, туку на марихуаната која што ја одгледуваат фамилијата Заеви.

Додека бизнисот со марихуана на Заеви им цвета, земјоделците кои одгледуваат земјоделски производи не можат да го продадат својот род затоа што власта која што им го вети откупот не им го обезбеди, ниту загарантирани откупни цени.

Зоран Заев и министерот Николовски кој не знаеме дали се уште е министер, да излезат на терен и веднаш да преземат мерки за усогласување на откупната цена. Заев наместо да гази црвени теписи низ светот, заедно со само со само за него успешниот министер Николовски нека се потрудат да обезбедат откуп на земјоделските производи. Земјоделците не смеат да претрпат уште една катастрофална година.“, се наведува со соопштението на партијата.“, е наведено во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните