Објавен јавниот повик за субвенционирање на занаети во Старата скопска чаршија

Од:

Град Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на занаетчии во Старата скопска чаршија со кој ќе може да се набават алати и репрометаријали за занаетите што се на изумирање.

Ќе се субвенционира набавката на алати и репроматеријали до 80 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 50.000 денари, со вклучен ДДВ.

Повикот трае до 20 декември, а ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен. Од Град Скопје информираа дека ќе се субвенционираат само докажаните трошоци направени во периодот од 1 јануари до 20 декември годинава.

Право на учество имаат занаетчии кои не добиле буџетски средства за субвенционирање од други извори, кои имаат подмирени обврски кон државата и кон вработените, кои започнале со работа најмалку една година од објавувањето на јавниот повик и кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиска дејност.

Јавниот повик е објавен и на веб-страницата www.skopje.gov.mk, а барањата за субвенционирање се достапни во архивата на Град Скопје.

Апликацијата и комплетната документација треба да се достават во затворен коверт на адресата Град Скопје, Сектор за локален економски развој, булевар Илинден, број 82, 1000 Скопје (со назнака – Комисијата за спроведување на постапка – Пријава за јавен повик за субвенционирање на занаетчии за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање во Старата скопска чаршија), најдоцна до 20 декември.

Дополнителни информации може да се добијат и во Секторот за локален економски развој на телефонскиот број 3297 284 или преку e-маил адресите: [email protected] и Biljana.Stojmanovska@skopje.gov.mk

Доколку се исцрпат предвидените финансиски средства, Градот Скопје ќе го објави завршувањето на јавниот повик на својата веб-страница.

Јавниот повик е објавен согласно Пограмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата за 2019 година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат