Меѓународна конференција за туризам „Почувствувај го Скопје“ („Feel Skopje“) во организација на НВО „Концепт плус“ ќе се одржи денеска во Скопје.
Целта е да се промовира Скопје како посакувана туристичка дестинација и да се зголеми бројот на странските посетители во главниот град. Основната идеја, според организаторот, е да се добијат препораки како да се подобри промоцијата на Скопје и нашата држава во светски рамки, како подобро да се привлечат повеќе посетители и да се добие повеќе внимание и простор во странските медиуми.
Конференцијата е дел од проектот и порталот visitskopje.mk, а ќе се промовира и новиот портал visitmacedonia.eu кој ќе има за цел да ја промовира нашата земја како посакувана туристичка дестинација.
На конференцијата свое обраќање ќе имаат пет интернационални говорници од пет држави.