Протоколот за НАТО утре пред естонските пратеници

Од:

Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО утре ќе се најде пред естонските пратеници.

Документот е ставен на дневен ред на седницата на Парламентот на Естонија, која ќе биде 17та земја што ќе го ратификува Протоколот, откако тоа минатата недела го стори германскиот Бундестаг.

Шеснаесет од 29 земји членки го официјализираа пристапувањето на Северна Македонија во најголемиот воено-политички сојуз во светот.

Властите во земјава, но и високите претставници на Алијансата се надеваат дека целиот процес ќе заврши до декември, кога се одржува Самитот на НАТО во Лондон.

На декемврискиот Самит, Алијансата одбележува 70 годишнина, а тоа се смета за добра можност Северна Македонија да стане 30та членка. Сепак доколку процедурата не биде завршена дотогаш очекувањата се земјата и официјално да стане дел од НАТО и да учествува во процесот на носење политички одлуки на почетокот на следната година.

Амбасадорите на 29. земји-членки на 6 февруари во седиштето на НАТО го потпишаа Протоколот за членство, а прва го ратификуваше Грција. Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат утре ќе има сослушување поврзано со пристапувањето на Северна Македонија во НАТО.

Би можело да ве интересира

Девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

МВР: Лишени 16 возачи од слобода, 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници

Предраг Петровиќ

Новиот закон е „политички популизам“ – остава без работа 10.000 луѓе, отвора врата за црниот пазар, а државата ја соочува со потенцијални загуби од над една милијарда евра

Македонски државјанин е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

Предраг Петровиќ

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?