(ВИДЕО) Митрески: ВМРО-ДПМНЕ не може да се оддели од нивниот ментор Никола Груевски

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ исто како и раководството на оваа партија не можат да се одделат од нивниот ментор, Никола Груевски. Крајно несериозно е опозицијата да зборува за Устав и закони кога нивниот почесен претседател е правосилно осуден и во бегство е цели 6 месеци, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски на собраниската седница за одземање на мандатот на Никола Груевски.

-Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука прaтениците на опозицијата да постапат согласно Устав и закон. Но, дали може пратеници да постапуваат надвор од границите на Уставот и законот? Дали имало такви одлуки во минатото? Имаат одлука да постапуваат според Устав и закон, а директно го бранат Груевски и толкуваат дека на бегалецот Груевски е оправдано отсутен од седниците на Собранието. Таа одбрана ја потврдија со тоа што не гласаа да се одземе мандатот на Груевски кој 6 месеци е во бегство – додаде Митрески.

Ние како парламентарно мнозинство нема да дозволиме за бегалецот Никола Груевски да се одделува плата и во наредните 6 месеци, само затоа што ВМРО-ДПМНЕ не сака да гласа за одземање на неговот мандат и ја поддржуваме одлуката да му биде констатирана оставката, заклучи Митрески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот