Пад на вредноста на фунтата по намалувањето на кредитниот рејтинг на Велика Британија

Од:

Вредноста на британската фунта опадна денеска на сите финансиски пазари, откако „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Велика Британија.

Тоа предизвика пад на фунтата кон американскиот долар, на најниско ниво во последните 2,5 години, како и кон еврото на нивото што последен пат е забележано пред 16 месеци.

Во петокот „Мудис“ прв пат по 1974 година, го намали британскиот рејтинг од досегашните ААА на Аа1. Фунтата опадна за 7 отсто во однос на доларот и 7,5 отсто во однос на еврото.

За една фунта, во просек сега се добиваат 1,5 долари, додека за еврото 87 пени или 17 пени повеќе отколку пред три месеци.

Британските опозициски лабуристи го оценија намалувањето на кредитниот рејтинг како „понижување“ за Велика Британија и за нејзината економија, но пред се за коалициската Влада на премиерот Дејвид Камерон и нејзината економска политика. Лабуристите бараат од Владата промена на досегашниот курс на економската политика, обвинувајќи ја за погрешно водење на државата.

Економски експерти во Лондон оценуваат дека падот на рејтингот најтешко ќе го погоди министерот за финансии Џорџ Озборн кој не веруваше во стабилизацијата на европската финанска ситауција и во опоравувањето на еврото.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски