Шекеринска: Шпекулација е дека „метлата“ ќе ги зафати Тевдовски и Анѓушев

Од:

Гласините дека „метлата“ ќе го зафати министерот за финансии Драган Тевдовски и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по барање од скопската организација на СДСМ се шепкулации, оцени денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Овие денови се пласираат многу шпекулации и манипулации, а оваа е една од нив. Ние не ги водиме така дискусиите ни на централно, а уште помалку на локално ниво. Тој тип на разговор и на меѓусебни односи не сме го имале ни кога ни било најтешко, а сега дефинитивно како дел од владејачка коалиција со огромна одговорност тоа не личи на нас, рече Шекринска во одговор на новинарско прашање при денешната посета на касарната Илинден.

Таа нагласи дека секојпат досега пласираните шпекулации и манипулации се покажале како неточни.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари