Специјалните екипи за спасување пронашле четири тела за време на операцијата за извлекување на остатоците од бродот што минатиот месец потона во Дунав во Будимпешта.
Првото тело било пронајдено на капетанскиот мост, пренесе МТИ. Според прелиминарните проценки емитувани за време на преносот во живо на државната телевизија, операцијата ќе трае шест часа.
Од антитерористичлата полиција ТЕК, која е одговорна за надгледување на операцијата, рекле дека критичната точка на операцијата ќе биде подигнување на трупот од дното на коритото на реката.
Спасувањето ќе се одвива во неколку фази, за време на кои ќе се процени состојбата на бродот. Во сите четири фази од операцијата нуркачи ќе влегуваат во трупот на бродот за да ги отстранат предметите и мебелот што ги покриваат телата.
Властите се подготвени и да го соберат горивото ако дојде до истекување на 1.400 литри, колку што има во резервоарот.