Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека Вашингтон се уште е подготвен да воведе даноци за Мексико во случај да нема напредок во запирањето на илегалната имиграција.
-Ако не постигнеме доволно напредок, постои ризик повторно да се воведат таксите, изјави Помпео на брифинг.
Марсело Ебрард, министер за надворешни работи на Мексико, рече дека ако миграцијата не биде намалена на јужната граница на Мексико во рок од 45 дена, владата на таа земја ќе започне преговори со САД за прифаќање на договор за „безбедна трета земја”.
Со тој договор ќе се бара од мигрантите да аплицираат за азил во Мексико.
Во неодамна објавена заедничка декларација на САД и Мексико се нагласува дека Мексико се согласил да прими повеќе мигранти кои бараат азил во САД, додека азилантите чекаат одлука на американски власти за нивни случаи.