Во Црна Гора има речиси 101.000 парчиња регистрирано оружје, што значи дека секој шестти жител легално посетува оружје, а полицијата претпоставува дека има значително повеќе нелегално оружје.
-Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, регистрирани се вкупно 100.909 парчиња оружје. За бројот на нелегалното оружје, ние, за жал, немаме податоци, изјави советникот на министерот за внатрешни работи Тања Кнежевиќ-Перишиќ.
Таа наведе дека нелегалното вооружување претставува главен проблем, бидејќи се претпоставува дека го има значително повеќе од регистрираното.
Црногорската полиција во минатата година одзеде 627 парчиња оружје, од што само 175 било во илегална сопственост.
Кнежевиќ-Перишиќ, како што пренесуваат црногорските медиуми, изјавила дека не е редок случајот и малолетници да поседуваат оружје.